0_Web_Насловна-слајдерMakedonija.SlajderПолитикаПолитички партии

Заев најави Марш за правда, бара од ЕУ датум за почеток на преговорите

ВМРО-ДПМНЕ со негласањето на Законот за јавно обвинителство јасно покажа дека не е за правна држава и за европска иднина на земјава, рече денеска лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Скопје, 16 февруари 2020 (МИА) – ВМРО-ДПМНЕ со негласањето на Законот за јавно обвинителство јасно покажа дека не е за правна држава и за европска иднина на земјава, рече денеска лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Заев од прес-конференцијата во партискиот штаб порача дека СДСМ продолжува со реформите и ги повика сите, како што рече, правдољубиви граѓани, утре во 18 часот пред Собранието да се приклучат кон Маршот на правдата.

Испрати и порака до европските лидери, дека земјава го спроведе ветеното и дека сега ЕУ е на потег.

-ВМРО-ДПМНЕ не гласаше за правна држава, ниту за европска иднина, покажа дека ништо не се променило, дека белиот дворец е се уште е заложник на осудениот криминалец Груевски, истакна Заев.

Тој уште еднаш нагласи дека на СДСМ и е најважна европската иднина на земјата и изградбата на правната држава.

-Праќаме јасна порака колку ни е важна европската иднина. Продолжуваме со реформите. Сега Европската унија е на потег, ЕУ мора да го види и да го препознае овој балкански потенцијал. Нашата земја ги исполнува и реализира своите обрвски. Почитувани граѓани на ЕУ, почитувана Европска комисија и лидери на земјите членки, нашите ветувања ги исполнуваме, време е и ЕУ да го исполни своето ветување, рече Заев.

Дополни и дека бара нов, чист мандат за, како што напомена, да се расчисти правосудството од нечесните обвнители.

-Одиме со одлучни чекори кон неселективна и вистинска правда, а одгвоорност ќе има за сите кои ги пекршиле законите, подвлече претседателот на СДСМ, Зоран Заев. мч/бак/

 

 

Back to top button
Close
Close