0_Македонија.ПорталПолитички партии

Заев на Ал Џезеира: Кога опозицијата зема право тогаш презема и одговорност, а тоа е обезбедување на фер, демократски и регуларни избори

Како држава поминавме низ еден тежок период, период на криза и од особено значење во тој период беа извештаите и насоките на Прибе и неговиот тим кој ја следеше состојбата во нашата држава.-истакна претседателот на СДСМ Зоран Заев на гостувањето во Телевизија Ал Џезеира Балканс.

14 февруари 2020

Како држава поминавме низ еден тежок период, период на криза и од особено значење во тој период беа извештаите и насоките на  Прибе и неговиот тим кој ја следеше состојбата во нашата држава.-истакна претседателот на СДСМ Зоран Заев на гостувањето во Телевизија Ал Џезеира  Балканс.

Тој посочи дека денес во Северна Македонија законот важи за сите граѓани подеднакво, а од особено значење е транспарентноста и вклученоста на граѓаните како контролори на судството. Владеењето на правото и важењето на законите за сите подеднакво е од пресудно значење за сите граѓани .-истакна Заев.

Во 2016 година и преку извештаите на ЕК беше констирано дека за време на изборите во Северна Македонија постоеше хибриден режим кој ги имаше окупирано сите институции, како национална телевизија , јавното обвинителство, изборните комисии и слично. Тогаш како опозиција побаравме да имаме Специјално јавно обвинителство , главен уредник на националната телевизија и техничка влада.-посочи Заев.

Претседателот Заев посочи дека техничка влада има и сега во нашата држава иако СДСМ е на власт, но претставува големо искуство со кое и опозицијата и власта имаат гаранција дека изборите ќе бидат фер, демократски и регуларни. Кога опозицијата зема право тогаш презема и одговорност. Важно е да има закон за избори кои сите ќе го поддржат, затоа што низ него се вградуваат сите елементи кои учествуваат во изборниот процес.-истакна Заев.

Најголемото демократско право е правото на глас и фер и демократски избори. Веерувам дека секоја земја која се декларира како демократска мора да има законодавство. Заев посочи  дека моментално во нашата држава се носи Изборниот закон во кој треба да бидат вклучени препораките на ОДИХР, заедно власта и опозицијата, да направат изборна регулатива и изборен процес во кој веруваат сите.

Северна Македонија е мултиетничка држава и посебно сум горд на тоа, денес е ново време кога повеќе не важно дали сме срби, македонци , бошњаци и друго, важен е концептот кој што го поставивме, а тоа е „едно општество за сите граѓани“.-истакна Заев.

Центар за комуникцаии со јавноста на СДСМ 

____________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close