0_Македонија.ПорталПарламентарни избори 2020ПолитикаПолитички партии

Заев: На 15 јули расчистуваме со остатоците од режимот во судството

Лидерот на СДСМ Зоран Заев, кој е носител на кандидатската листа на коалицијата „Можеме“ во четвртата Изборна единица денеска во изјава пред Основниот граѓански суд во Скопје истакна дека нема веќе простор за компромис со правото и дека оние што имаат обврска да обвинуваат и да судат мора да испорачаат правда, а не да ја блокираат.

Скопје, 27 јуни 2020 (МИА) – Лидерот на СДСМ Зоран Заев, кој е носител на кандидатската листа на коалицијата „Можеме“ во четвртата Изборна единица денеска во изјава пред Основниот граѓански суд во Скопје истакна дека нема веќе простор за компромис со правото и дека оние што имаат обврска да обвинуваат и да судат мора да испорачаат правда, а не да ја блокираат.

– На 15 јули расчистуваме со остатоците од режимот во судството, истакна Заев на настан во рамки на изборната кампања за предвремените парламентарни избори.

Заев рече дека доколку СДСМ повторно формира Влада, правосудството целосно ќе се прочисти од корумпираните судии и обвинители.

-Оние судии кои свесно и намерно застаруваат предмети ќе бидат разрешени по автоматизам за да се остави простор за оние кои чесно и професонално си ја работат работата, рече лидерот на СДСМ.

Заев најави почеток на детална проверка на имотната состојба на судиите и обвинителите, како и темелна ревизија на пет проценти од сите судски пресуди по случаен избор, како и воведување ред и дисциплина во сите други институции.

-Администрацијата мора да им служи на граѓаните затоа дополнително ја професионализираме и ја намалуваме за 20 проценти. Ги укинуваме патните трошоци за пратениците во Собранието со што целосно го затвораме просторот за неправилности и неетичко постапување, рече Заев.

Тој истакна дека од една страна е законот за јавното обвинителство, а од друга страна се Груевски, Мицкоски, Камчев, докторите за финансиски криминал, и, како што рече, „Ќосињата кои на неправдата и изградија споменик“.

-Таквите мора да одговараат пред правдата за криминалите што ги правеа затоа што законот денес важи подеднакво за сите. На 15 јули расчистуваме со остатоците од режимот во судството. Сета сила о енергија ја вложуваме во воведување на ред, еднаш и засекогаш. Правиме држава во која виновниците се казнуваат, а праведните напредуваат, рече Заев.

Носителот во ИЕ 1 Никола Димитров истакна дека врвен приоритет на опозоцијата во изминатите години е да се бега од правдата, да застаруваат случаи.

-Нивниот напад врз СЈО, не врз поединци кои се огрешиле од законот, туку врз СЈО како институција и врз мисијата на СЈО, да застарат случаите, да нема јавното обвинителство мандат за случајот „Талир“ на пример, да не се дома за поштарот да не може да ги најде да им врачи судска покана. Затоа на 15 јули мора убедливо да ги поразиме, рече Димитров. ев/са/

Изјава на Зоран Заев и Никола Димитров

Posted by MИА.mk on Сабота, 27 јуни 2020

 

 

Back to top button
Close
Close