0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталПолитички партии

Заев му честита на Санчез за мнозинството за формирање Влада

Претседателот на СДСМ Зоран Заев му упати честитки на шпанскиот премиер Педро Санчез, кој денеска во вториот обид успеа да добие мнозинство за да формира Влада.

Скопје, 7 јануари 2020 (МИА) – Претседателот на СДСМ Зоран Заев му упати честитки на шпанскиот премиер Педро Санчез, кој денеска во вториот обид успеа да добие мнозинство за да формира Влада.

-Честитки за добиеното мнозинство за формирање Влада. Шпанија продолжува прогресивно, што ќе овозможи стабилност и правичен развој на Европа, напиша Заев на својот Твитер налог.

-Очекуваме навремена ратификација на нашиот НАТО протокол и се радуваме што наскоро ќе бидеме 30 сојузник во НАТО, додаде Заев. ац/

Back to top button
Close
Close