0_Web_Избор на уредникот0_Web_Насловна-слајдер0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderВидео изјаваПарламентарни избори 2020ПолитикаПолитички партии

Заев: Коалицијата „Можеме“ е победничка, имаме предност од три мандати, со можност за нивно зголемување

Коалицијата „Можеме“ е победничка на парламентарните избори, со предност од три пратенички мандати пред ВМРО-ДПМНЕ, а со можност за уште еден или два повеќе, порача вечерва претседателот на СДСМ, Зоран Заев на прес-конференција.

Скопје, 16 јули 2020 (МИА) – Коалицијата „Можеме“ е победничка на парламентарните избори, со предност од три пратенички мандати пред ВМРО-ДПМНЕ, а со можност за уште еден или два повеќе, порача вечерва претседателот на СДСМ, Зоран Заев на прес-конференција.

-Можеме и тоа како можеме. Успеавме народе мој со убедлива и стабилна предност во моментов од над три пратенички мандати пред ВМРО-ДПМНЕ, со можност за еден или два уште повеќе, нашата коалиција „Можеме“ е победничката коалицијата на овие парламентарни избори, најголемата, најразноликата,  најмоќната и победничката, тоа е „Можеме“, рече Заев.

 

Нагласи дека волјата на народот се потврдила. -Излегоа граѓаните  и гласаа за сигурна иднина за заедништво и солидарност, за економски патриотизам, за ред и правда. Излегоа граѓаните и избраа подобро денес  и подобро утре.  Патот напред е потврден, на опасноста и кажавме јасно не, додаде Заев.

Истакна дека имавме избори, кои и доликуваат на земја-членка на НАТО, која граби кон ЕУ. Изборите ги оцени како достоинствени, слободни, демократски, безбедни и современи.

-Ви благодарам на сите кои денеска бевте активни учесници  во ова ново поглавје  од современата македонска демократија , сите вие кои излеговте на овие избори, сите вие кои го остваривте вашето избирачко право  и кои учествувате во враќањето на капацитетите на институциите  и сите кои презедовте одговорност. Ви благодарам на сите, рече претседателот на СДСМ.

Изрази задоволство што граѓаните ги препознале вистинските  вредности и им дале можност  да ги продолжат нивните прогресивни заложби  за убава иднина на земјата.

-Денеска концептот парите кај граѓаните  го порази концептот  обнова на режимот. Концептот на интеграција го порази концептот на изолација. Концептот што влече силно напред  го порази концептот што сакаше да  враќа назад. Концептот едно општество за сите  ги порази лажниот патриотизам , конфликтите и поделбите. Време е сите мрачни назадни концепти  да завршат во неповратно минато, а партиите кои нудеа вакви поразителни политики  да започнат процес на реформирање на обновување, истакна Заев.

Нагласи дека со поддршката што ја добиле граѓаните ги задолжиле со голем одговорност.

-Патот   е исправен, но мора да се работи  уште повеќе и уште подобро.  Ве уверувам дека ќе продолжиме тоа да го правиме  и во иднина со многу научени лекции  за нас и со големи проблеми  решени и оставени зад нас. Следуваат раст на платите и враќање на парите  на граѓаните уште повеќе. Следува масовно чистење на воздухот, водата и почвата  следува еко држава, следува уште поголема грижа за сите граѓани, на кои им е потребно. Подаваме рака  на секој на  којшто му  треба поддршка и помош. Следува уште подобра заштита на вашето, на нашето, на јавното  здравје. Следуваат преговори со ЕУ и конечно народе мој следува правда, рече Заев. ац/

Прес на СДСМ – Изјава Зоран Заев

Posted by MИА.mk on Среда, 15 јули 2020

 

 

 

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close