Политички партии

Заев изрази сочувство до семејството чии деца загинаа во експлозијата во Романовце

Претседателот на СДСМ Зоран Заев на својот официјален фејсбук профил изрази сочувство до семејството чии деца загинаа денеска во експлозијата на плинска боца во кумановското село Романовце.

Скопје, 23 февруари 2020 (МИА) – Претседателот на СДСМ Зоран Заев на својот официјален фејсбук профил изрази сочувство до семејството чии деца загинаа денеска во експлозијата на плинска боца во кумановското село Романовце.

– Изразувам длабоко сочувство за трагичното губење детски животи денес во Романовце. Искрено се надевам дека трагедијата нема да биде поголема и дека сите седум тешко повредени ќе закрепнат набргу. Поддршка и почит до дежурните екипи за навремената реакција и тимот во Клиничкиот центар кој се грижи за повредените, пишува Заев на фејсбук. мс/фф/

Back to top button
Close
Close