0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderПолитика

Заев изрази сочуство за жртвите од земјотресот во Турција

Премиерот Зоран Заев вечерва на Твитер изрази сочуство за жртвите од земјотресот што го погоди реонот на турскиот град Измир.

Скопје, 30 октомври 2020 (МИА) – Премиерот Зоран Заев вечерва на Твитер изрази сочуство за жртвите од земјотресот што го погоди реонот на турскиот град Измир.

– Вознемирувачки се сликите што пристигнуваат по големиот земјотрес во Измир, Турција. Во име на граѓаните и Владата на Република Северна Македонија, упатувам најискрено сочувство до фамилиите на жртвите и повредените. Се надеваме на брзо закрепнување од последиците, наведува Заев во објавата напишана на македонски и на турски јазик. сп/

Back to top button
Close
Close