0_Web_Избор на уредникот0_Web_Насловна-слајдер0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderПолитикаПолитички партии

Заев: Има надеж за обезбедување двотретинско мнозинство за законот за јавно обвинителство

Работите за обезбедување двотретинско мнозинство за носење на законот за јавно обвинителство добро се движат. Имам надеж, но немаме многу време, бидејќи тоа е еден од законите кои треба да го донесеме заради реформите и граѓаните и трансформацијата која треба да следи во наредниот период, порача денеска лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Скопје, 21 јануари 2020 (МИА) – Работите за обезбедување двотретинско мнозинство за носење на законот за јавно обвинителство добро се движат. Имам надеж, но немаме многу време, бидејќи тоа е еден од законите кои треба да го донесеме заради реформите и граѓаните и трансформацијата која треба да следи во наредниот период, порача денеска лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Носењето на законот за јавно обвинителство, кој е еден од законите што остана во делот на реформите во правосудството, како што рече, е наша обврска која треба да ја завршиме заради граѓаните, но би била и одлична алатка плуст како аргумент пред земјите од Европската Унија при нивното одлучување.

-Треба да направиме структурен и суштински европски закон за јавно обвинителство. Ред е големите политички партии да најдат решение за вака сериозно прашање посебно кога СЈО е веќе завршена работа, односно предметите се обезбедени и ќе се имплементираат во судот. Очекувам од ВМРО-ДПМНЕ да добиеме пишан предлог денеска или утре за да може после да се помине на работни групи, рече Заев во одговор на новинарско прашање на денешната средба со Сојузот на стопанските комори на Македонија.

Тој нагласи дека разговара и со други пратеници.

-Треба сериозно да се помине низ материјата на законот и да има доунапредување во форма на квалитетен материјал за на крајот да може да се обезбеди двотретинско мнозинство, посочи Заев. вј/дма/

Back to top button
Close
Close