Политички партии

Заев: Договор е можен додека трае вонредната, ако нема договор по сила на закон датумот води на 21 јуни

СДСМ се води од здравјето на граѓаните, економијата и интересот на државата. Одговорно пред се за здравјето на граѓаните, за трансформација на економијата и целосно функционални институции е избори да се случат во првиот возможен рок. Договор за денот на изборите е можен додека трае вонредната состојба. Во спротивно, доколку нема договор, со истекот на вонредната состојба на 30 мај течат роковите, што автоматски води до избори на 21 јуни порача претседателот на СДСМ Зоран Заев, во интервју за ТВ Стар.

Скопје, 20 мај 2020

СДСМ се води од здравјето на граѓаните, економијата и интересот на државата. Одговорно пред се за здравјето на граѓаните, за трансформација на економијата и целосно функционални институции е избори да се случат во првиот возможен рок. Договор за денот на изборите е можен додека трае вонредната состојба. Во спротивно, доколку нема договор, со истекот на вонредната состојба на 30 мај течат роковите, што автоматски води до избори на 21 јуни порача претседателот на СДСМ Зоран Заев, во интервју за ТВ Стар.

Тој нагласи дека СДСМ сака договор, но нема да дозволи штета на државата и граѓаните и додаде дека води грижа за сите аспекти – здравјето на граѓаните, функционалноста на институциите, како и заштитата на демократските права преку контрола на Владата.

– Теоретски можеме да се договориме додека трае вонредната состојба. Треба до крајот на оваа седмица или на почетокот на наредната недела евентуално да се утврди, датумот. Ако чекаме до 30 мај е доцна. Мора да водиме грижа и за сите други аспекти. Јас стојам на располагање, сакаме да разговараме, но притоа не смееме да и нанесеме штета на државата и да ја доведеме земјата во уставна криза“, додаде Заев.

Тој нагласи дека Комисијата за заразни болести јасно укажува дека  периодот по завршувањето на рестриктивните мерки е најбезбедно да се спроведат изборите за здравјето на граѓаните. Претседателот Заев ги посочи и препораките на СЗО дека се очекува нов бран од вирусот и дека овој период, вклучително и есента, треба да се искористи за подготовки за новиот бран. Тоа потврдува дека и од здравствен аспект најбезбедно е да се оди на избори пред летото.

„Комисијата за заразни болести прецизно ги кажува сите аргументи, детално кажува дека кога се блиску ефектите од рестриктивните мерки и бројките се намалени треба  да се оди на избори. Со отворањето границите, доаѓањето на нашите граѓани од дијаспората, можноста да се патува во странство е поголем ризик да се прошири заразата. Токму водењето грижа за здравјето на граѓаните е најважната причина зошто мора да одиме на избори во првиот можен момент.  Исто така е важно граѓаните да имаат и функционален парламент функционален, бидејќи не знаеме кога и како ќе и требаат брзи одлуки,  нема поважна институција во парламентарна демократија како што е нашата од функционален парламент и политичка влада. Владата во моментов никој не ја контролира, јас не треба да го кажам тоа, според мене Владата е одлична, но тоа Мицкоски треба секој ден да го зборува, бидејќи контролата е здрава. Трансформацијата на економијата е уште една причина зошто е најсоодветно во првиот момент да одиме на избори“, оцени Заев.

Тој потсети дека изборите со консензус беа закажани, заеднички беа одложени поради вонредната состојба и поради тоа треба изборниот процес во првиот можен рок да се искористи.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

_____________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Back to top button
Close
Close