Makedonija.SlajderПолитика

Заев-Цакај: Новата Влада е потврда за евроатлантските определби и охрабрување за напредокот на регионот

Претседателот на Владата Зоран Заев денеска се сретна со Гент Цакај, министер за Европа и надворешни работи на Република Албанија, на која е констатирано дека Северна Македонија и Албанија немаат отворени прашања и дека тоа отвора пат за соработка во областите значајни за граѓаните.

Скопје, 18 септември 2020 (МИА) – Претседателот на Владата Зоран Заев денеска се сретна со Гент Цакај, министер за Европа и надворешни работи на Република Албанија, на која е констатирано дека Северна Македонија и Албанија немаат отворени прашања и дека тоа отвора пат за соработка во областите значајни за граѓаните.

Како што се наведува во соопштенито од владината прес-служба, заеднички е констатирано дека двете држави немаат отворени прашања и дека тоа отвора пат да се употреби целиот потенцијал од областите значајни за граѓаните, како што се инфраструктурата, енергетиката, економијата со цел подобрување на квалитетот на живот во двете држави. Во таа насока е разговарано и за можноста за одржување меѓувладина седница.

-Наша цел е европеизација на државата и економски развој. Формиравме стабилна Влада и сме насочени кон зајакнување на капацитетите на системот, посебно низ образованието и владеењето на правото. Имаме големи успеси зад нас, тоа се договорите со Бугарија и со Грција, градиме во државата „Едно општество за сите“, еднакво за сите граѓани и сето ова овозможи во овој мандат да се посветиме на напредок дома, во сите области од полза на секојдневниот живот на граѓаните, истакна премиерот Заев.

На состанокот, како што се наведено, е констатирано дека на регионот му се потребни стабилност и засилен економски развој и дека е во заеднички интерес решавање на сите билатерални прашања низ дијалог, каков што пример даде Република Северна Македонија низ добрососедските односи, со цел евроатлантски перспективи на целиот Западен Балкан.

На средбата се изразени честитки за повторното именување на премиерот Заев на премиерската позиција, како и за изборот на новата Влада во што се гледа потврда на определбите на граѓаните и државата кон евроатлантските интеграции, се посочува во соопштението. ев/са/

Back to top button
Close
Close