0_Web_Насловна-слајдер0_Македонија.ПорталПолитикаПолитички партии

Заев: Ако ДУИ има ваков услов за владина коалиција, тогаш нема да биде дел од идната Влада

Мандатар за претседател на Влада може да биде секој граѓанин кој ќе обезбеди поддршка од најмалку 61 пратеник. Според Уставот, пратениците во Собранието се бираат според волјата на граѓаните, а не според етничката припадност на еден или друг кандидат, напиша денеска на својот Фејсбук профил, претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Скопје, 5 јуни 2020 (МИА) – Мандатар за претседател на Влада може да биде секој граѓанин кој ќе обезбеди поддршка од најмалку 61 пратеник. Според Уставот, пратениците во Собранието се бираат според волјата на граѓаните, а не според етничката припадност на еден или друг кандидат, напиша денеска на својот Фејсбук профил, претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

-Точно е дека граѓаните во нашето општество сѐ повеќе ги надминуваат етничките бариери, но поважно од тоа е дека при изборот тие се водат, пред сѐ, од квалитетите на кандидатот и посебно од неговиот однос кон граѓаните, од неговата општествена посветеност за добробит на сите граѓани и државата, како и личниот пример што како впечаток кандидатот го остава пред граѓаните, напиша Заев.

Нагласи дека доколу СДСМ победи на изборите, тој е кандидатот за претседател на Влада и ќе биде премиер кој еднакво се бори за подобар живот на сите граѓани на Северна Македонија, нешто што, како што вели, го докажал низ сите негови политики изминативе години.

-Соодветно на тоа, доколку ДУИ има ваков услов за коалиција за Влада тогаш ДУИ нема да биде дел од идната Влада, порача Заев. ац/

Back to top button
Close
Close