Некатегоризирано

Задолжително носење маски во болниците во Виена

Здружението на виенски здравствени установи (КАВ) воведе обврска да се носат маски во болниците во Виена.

Виена, 12 февруари 2020 (МИА) – Здружението на виенски здравствени установи (КАВ) воведе обврска да се носат маски во болниците во Виена.

КАВ се одлучи за мерки на претпазливост, иако досега нема потврдени случаи на инфекција со коронавирусот во Австрија.

Сите лица кои имаат температура, кашлица или болки во грлото мора да носат маски.

За обврската за носење маски се укажува преку големи постери на пет јазици кои се поставени на влезот во болниците.

КАВ потенцира дека станува збор за мерка која се препорачува и против ширење на грипот, кој е во полн ек во Австрија. паг/

 

 

Таг
Back to top button
Close
Close