0_Web_Насловна-слајдер0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderОпштество

Задолжителен ПЦР-тест за патниците од Косово кои транзитираат низ земјава, предлага Комисијата за заразни болести

Комисијата за заразни болести на утринскиот состанок донесе одлука да се воведе задолжително ПЦР-тестирање за патниците од Косово кои минуваат низ нашата држава.

Скопје, 19 август 2020 (МИА) – Комисијата за заразни болести на утринскиот состанок донесе одлука да се воведе задолжително ПЦР-тестирање за патниците од Косово кои минуваат низ нашата држава.

Како што соопшти денеска Министерството за здравство, транзит-патниците на граничниот премин треба да покажат негативен ПЦР-тест не постар од 72 часа.

Овој предлог од Комисијата ќе биде доставен до Владата. бт/дма/

Back to top button
Close
Close