Дописници МКДОпштински вести

Зачести палењето контејнери во Радовиш заради фрлање пепел и жар во нив

Заради фрлање жешка пепел и жар изинативе денови зачестено е палењето контејнери во Радовиш, информираат од радовишкото Јавно претпријатие „Плаваја“.

Струмица, 13 јануари 2020 (МИА) – Заради фрлање жешка пепел и жар изинативе денови зачестено е палењето контејнери во Радовиш, информираат од радовишкото Јавно претпријатие „Плаваја“.

– Чадот од запалениот отпад во контејнерите покрај непријатната миризба и глетка, најчесто содржи штетни материи по здравјето на луѓето, кои се распространуваат во околината на запалениот контејнер, а се вдишуваат и од самиот несовесен граѓанин и од членовите на неговото семејство, неговите деца, внучиња, роднини, пријатели и соседи, додаваат од радовишкото комунално претријатие.

Комналното претпријатие апелира до граѓаните да не фрлаат жешка пепел и жар во контејнерите и со тоа ќе придонесат сите заедно да живеат во чиста животна средина и амбиентален воздух. Од таму ги повикуваат граѓаните доколку забележат лица како истураат жар и пепел во контејнерите или на друг начин го палат отпадот да ги пријават во комуналното претпријатие или во комуналната инспекција. рт/мс/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close