БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Зачестени обиди на мигрантите за влез на албанска територија

Зачестени се се обидите за илегално преминување на мигранти преку грчко - албанската граница, со цел само транзит да ја минат албанската територија и да го продолжат патот кон некоја од западно европските земји

Тирана,14 август 2020(МИА) – Зачестени се се обидите за илегално преминување на мигранти преку грчко – албанската граница, со цел само транзит да ја минат албанската територија и да го продолжат патот кон некоја од западно европските земји.

Во три одделени акции албанската полиција откри 52 емигранти, кои требало да бидат транспортирани во Косово.

Во првата акција кај градот Елбасан откриени се 34, во втората акција во возило кое се движело кон северниот град Кукс 12 емигрантии во третата акција шесттмина емигранти.

– Во акцијата, спроведена во близина на Елбасан, уапсено е лицето В.К. албански државјанин, кој во своето возило превезувал 34 Сиријци што требало илегално да ги внесе во Косово. Поднесена е кривична пријава за помагање при нелегално минување на државната граница, се наведува соопштението од полицијата.

Според полицијата во втората акција уаспен е 28-годишен жител на Тирана кој превезувал 12 емигранти,кои исто така требало да бидат пренесени во Косово. На секој од нив уапсениот им земал по 150 евра.

Во третата акција полицијата открила шестмина емигранти кои 38-годишен жител на Кукс ги превезувал во автомобил, со фалсификувана возачка дозвола.

По затишјето што владееше поради пандемијата со новиот коронавирус, последните два и пол месеци откриени се неколку илјади мигранти, при обид транзит да ја минат албанската територија. вт/ми/

Таг
Back to top button
Close
Close