Дописници МКДОпштество

Забрзан протокот на патници и стока на граничниот премин Станке Лисичково

Забрзан протокот на патници и стока на граничниот премин Станке Лисичково кон Бугарија кај Делчево. Од граничните служби потврдија дека ова е резултат на подобрената контрола и поефикасното делување на службите од двете страни на границата.

Делчево, 24 јануари 2020 (МИА) – Забрзан протокот на патници и стока на граничниот премин Станке Лисичково кон Бугарија кај Делчево. Од граничните служби потврдија дека ова е резултат на подобрената контрола и поефикасното делување на службите од двете страни на границата.

-За време на празниците по Нова година имавме мали проблеми во однос на времето на задржување на граничниот премин, поради што на моменти моравме да преземеме заеднички мерки за поефикасно справување со проблемот. Во изминатите 10 дена ова се покажа како добра пракса, на задоволство на туристите кои преку граничниот премин Делчево ја посетуваат Република Бугарија, велат граничарите.

Потврда за кажаното беше и денешната слика на овој граничен премин каде целиот процес за проверка на личните документи траеше едвај пет минути.

– Се надеваме дека со скорешното најавување на проширување на граничниот премин од бугарска страна ќе се решат овие проблеми. Преминот е доста стар и конечно е дојдено време да се прошири. И за нас делчевци, но и за туристите кои поминуваат одовде тоа ќе биде од големо значење, велат возачи од Делчево.

Делчево и Благоевгард, кои се најблиските соседни градови од двете страни на границата, се причина секојдневно на граничниот премин Делчево – Станке Лисичково да поминуваат над 1.000 граѓани. Зголемена фреквенција во двата погранични градови има за викендите, денови кои жителите ги користат за шопинг, но и за еднодневни прошетки до блиското опкружување. вс/вј/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close