0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталХроникаХроника.Портал

Забрната за движење не ја почитувале 52 лица, од нив 39 се притворени

На ниво на целата држава 52 лица изминатото деноноќие не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 39 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Скопје, 20 мај 2020 (МИА) – На ниво на целата држава 52 лица изминатото деноноќие не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 39 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 33 прекршоци.

За последните 24 часа на територијата на Република Северна Македонија, соопштија денеска од МВР, на 34 лица им се издадени решенија за изолација, а 16 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација. цр/са/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close