ЕвропаЕвропа.Портал

Забранета неонацистичката група Нордадлер во Германија

Германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер ја забрани десничарската екстремистичка група Нордадлер (Северен орел), јави Дојче веле.

Бон, 23 јуни 2020 (МИА)Германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер ја забрани десничарската екстремистичка група Нордадлер (Северен орел), јави Дојче веле.

Групата е активна главнона Интернет. Од утрово на територијата на четири провинции се спроведуваат полициски акции.

„Десничарскиот екстремизам и антисемитизмот немаат место на Интернет“, напиша денеска на Твитер портпаролот на Министерството за внатрешни работи Стив Алтер.

Според Министерството за внатрешни работи, групата Нордадлер спроведува национал – социјалистичка идеологија и користи термини како „народна револуција“, „народна младина“, „народно општество“ и „народна преродба“. Нејзините членови го обожаваат Адолф Хитлер и другите нацистички водачи и користат симболи и речник типичен за нацистичкиот режим.

Оваа година ова е 20-ти случај на забрана за десничарска екстремистичка групи во Германија. паг/

Таг
Back to top button
Close
Close