0_Магазин.ПорталЗанимливости

Забраната на пластични ќеси ја истакна снаодливоста на Тајланѓаните

Пластиката се смета за еден од најголемите загадувачи на животната средина.

Бангкок, 8 јануари 2020 (МИА) – Во Тајланд од 1 јануари стапи во сила законот за забрана на употребата на пластични ќесиња, а тоа ја поттикна снаодливоста и креативноста на Тајланѓаните.

Имено, граѓаните во големите продавници почнаа да доаѓаат со хартиени ќеси, платнени торбички, вреќи, кофи, ќупови, колички за малтер, метални канти, па дури и улични препреки за паркирање, коишто свртени наопаку личат на фишек.

Пластиката се смета за еден од најголемите загадувачи на животната средина.

На Фејсбук е отворена и посебна страница посветена на новите креативни начини на пазарување. си/паг/

Таг
Back to top button
Close
Close