0_Македонија.ПорталОпштество

Забрана за сообраќај утре од 12 до 15 часот на делницата Пресека-Песочан

Од 12 до 15 часот утре ќе има забрана за сообраќај за сите видови возила на автопатот Кичево-Охрид кај делницата Пресека-Песочан. 

Скопје, 12 јули 2020 (МИА) – Од 12 до 15 часот утре ќе има забрана за сообраќај за сите видови возила на автопатот Кичево-Охрид кај делницата Пресека-Песочан.

Причина за прекинот е тоа што во овој временски период ќе се врши минирање кај оваа делница поради пробивање на автопатот Кичево-Охрид.

Забраната за сообраќај, како што информира Авто мото сојузот на Македонија, ќе биде во двата правца. бак/

 

Back to top button
Close
Close