Biznis.SlajderБизнисБизнис.Портал

Забележан пад на цената на нафтата

Податоците од тргувањата на меѓународните берзи укажуваат на пад на цените на нафтата откако Министерството за енергетика на САД објави зголемени бројки на производство на нафта во земјата и зголемени резерви.

Вашингтон, 23 јуни 2020 (МИА) – Податоците од тргувањата на меѓународните берзи укажуваат на пад на цените на нафтата откако Министерството за енергетика на САД објави зголемени бројки на производство на нафта во земјата и зголемени резерви.

Така, цената на нафтата марка Брент денеска се спушти за 4.46 проценти до 40.76 американски долари за барел. Тексашката лесна нафта (ВТИ) постигна цена пониска за 4.63 проценти или 38.5 долари за барел.

Цените на нафтата се намалија откако Министерството за енергетика на САД информираше дека земјата го зголемила производството а нејзините резерви пораснале до 541 милион барели. кб/сд/

Back to top button
Close
Close