БалканБалкан.Портал

Забавен сообраќајот до Копаоник, кај Краљево завеани 200 луѓе

Снегот, кој од синоќа интензивно паѓа на Копаоник, придружуван од силни ветрови, достигна височина од 70 сантиметри. Сообраќајот е забавен, формирана е колона од возила, а во местото Рудно кај Краљево се завеани повеќе од 200 луѓе, јави РТС.

Копаоник, 5 јануари 2020 (МИА) – Снегот, кој од синоќа интензивно паѓа на Копаоник, придружуван од силни ветрови, достигна височина од 70 сантиметри. Сообраќајот е забавен, формирана е колона од возила, а во местото Рудно кај Краљево се завеани повеќе од 200 луѓе, јави РТС.

Најмногу проблеми има на патот Рудница – Копаоник, во викенд населбата, каде што чистењето на снегот е отежнато поради паркираните возила.

Како што пренесува РТС, патот од Рудно кој води до Ибарска магистрала е завен, а снежните наноси достигнуваат до еден метар. паг/

Таг
Back to top button
Close
Close