0_Македонија.ПорталПолитика

За Заев полициската акција кај Плетвaр е исклучително професионално спроведена и успешна

Полициската акција што беше спроведена е исклучително професионална и успешна на ниво на стандарди на најсовремени демократски држави во светот. Апсолутно осмислена, организирана, комплетно по сите професионални стандарди. Да се бара оставка за успешно спроведена акција, ниту имам право, ниту сакам да размислувам освен да поттикнам професионалност во спроведувањето на законите и законот да важи еднакво за сите без разлика кој на кого е блисок, без разлика кој во кои социјални слоеви во општеството припаѓа или во кои институции работи или не работи. Само така ќе ја враќаме довербата кон институциите.

Back to top button
Close
Close