Општински вестиСкопје

За време на полицискиот час за викенд Општина Чаир, ќе им асистира на граѓаните за транспорт на лекови

Општина Чаир, во тек на полицискиот час за викендот што следи ќе им асистира на граѓаните за транспорт на лекови, инфомираат од оваа скопска општина.

Скопје, 10 април 2020 (МИА) – Општина Чаир, во тек на полицискиот час за викендот што следи ќе им асистира на граѓаните за транспорт на лекови, инфомираат од оваа скопска општина.

-Општина Чаир во текот на полицискиот час овој викенд ќе асистира за исполнување на потребите на граѓаните на нејзината територија за здравствени медикаменти обезбедувајќи транспорт за лекови од аптеките во временскиот интервал од 10:00 до 20:00 часот. Граѓаните кои имаат потреба од купување на лекови ќе може нарачката да ја направат на овие два контакт броја: 072 521 165 и 078 391 890. Двајца ангажирани работници со дозвола за движење ќе извршат достава на лековите до нивните домови, соопштија од општина Чаир. оџ/са/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close