0_Македонија.ПорталОпштество

За викендот врнежи од дожд, на југот поројни со грмежи и силен ветер

За време на викендот во земјава ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни утре попладне и во текот на ноќта над 25 л/м2.

Скопје, 6 март 2020 (МИА) – За време на викендот во земјава ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни утре попладне и во текот на ноќта над 25 литри на метар квадратен.

Од УХМР наведуваат дека локално, особено во јужните делови ќе има појава на нестабилност во форма на невреме со пороен дожд, грмежи и повремено силен ветер над 80 километри на час.скс/лв/

Back to top button
Close
Close