Дописници МКД

За утрешната боженствена утринска лиругија на Голем Крчин пријавени повеќе од 400 учесници

Голем интерес за присуство на утрешната боженствена утринска литургија, на врвот Голем Крчин, над долнореканското село Битуше, што се наоѓа на надморска височина од 2341 метри.

Дебар, 22 август 2020(МИА) – Голем интерес за присуство на утрешната боженствена утринска литургија, на врвот Голем Крчин, над долнореканското село Битуше, што се наоѓа на надморска височина од 2341 метри.

-За овој значаен настан до сега пријавени се повеќе од 400 учесници, што навистина е голема бројка, ако се има предвид и актуелната епидемиолошка состојба со пандемијата со Ковид-19. Сакам да напоменам дека утрешното искачување ќе биде во согласност со определените мерки за заштита и превенција од вирусот, кои сите учесници ќе бидат должни да ги почитуваат, изјави за МИА, сестра Ефимија од Раичката обител.

Настанот „Искачување и Божествена Литургија на врвот Голем Крчин“, кое претставува најатрактивното искачување на врвот Голем Крчин, веќе стана традиција, што пред пет години ја почнаа монасите од Бигорскиот манастир и монахињите од манастирот „Свети Георгиј Победоносец“ од дебарското село Рајчица и кој од година во година привлекува се поголем број верници.

– Заради обезбедување на учесниците ќе биде присутна и Единица за спасување на планини и непристапни терени при Црвениот крст од Охрид, како и професионални екипи на Црвениот крст од повеќе градови на нашата земја. Исто како и минатите години, цел е на врвот на Голем Крчин рано наутро да биде отслужена Света Литургија и да се  обидеме да ги видиме висините низ една друга перспектива, додава сестра Ефимија.

Објаснува дека патеката е од средно тешка до тешка и одењето трае околу четири часа и посочува дека се планирани сопопатни кратки одмори на места каде што има извори со вода, од кои последниот е на средината од патеката, односно кај првата црква.

Време на собирање и поаѓање е 23 август (недела) во 02:30 – 03:00 часот, па се очекува бројот на учесниците да биде поголем. Пристигнување на врвот е во утринските часови. Место на собирање е пред поранешната караула во село Битуше, односно од пред скитот посветен на светите Кирил и Методиј. Враќањето е организирано од врвот Голем Крчин веднаш после завршувањето на богослужбата. вт/скс/

Back to top button
Close
Close