0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштински вести

За три месеци 29 интервенции на гевгелиските пожарникари

Во вториот квартал од годинава,ТППЕ Гевгелија интервенирала 29 пати во гаснење на пожари на териториите што ги покрива,односно во општините Гевгелија, Богданци и Дојран.

Гевгелија,13 август 2020 (МИА) – Во вториот квартал од годинава,ТППЕ Гевгелија интервенирала 29 пати во гаснење на пожари на териториите што ги покрива,односно во општините Гевгелија, Богданци и Дојран.

Извештајниот период е карактеристичен по тоа што најмногу пожари, поточно дури 21,се случиле на подрачјето на општина Гевгелија додека останатите осум пожари биле локализирани на територијата на општина Богданци.

-Од гевгелиските пожари 15 биле на отворен простор, а шест на објекти но со брза интервенција биле локализирани и спречени да направат поголема материјална штета од причинетата која навистина е минимална. Продолжуваме со засилена превентивна контрола во летните месеци на потенцијалните жаришта како што се дивите депонии и стрништата, велат од ТППЕ Гевгелија.

Во контролата на теренот, во делот на шумите, вклучени се шумските полицајци и вработените во подружницата на Шумското стопанство во Гевгелија.

Последните врнежи од дожд, посочија пожарникарите,придонесоа времено да се намали опасноста од пожари, но останува апелот до граѓаните за внимателно однесување и превентивно делување за заштита од пожари. им/бк/

Back to top button
Close
Close