Дописници МКДОпштински вести

За три и пол месеци подигнати 402 погрешно паркирани возила во Тетово 

Oд почетокот на годинава до денеска 14 април во Тетово сообраќајната полиција бележи дека вкупно биле санкционирани и подигнати од „пајак-службата“ 402 погрешно и непрописно паркирани возила, претежно  во централното градско подрачје. Станува збор за возила кои најдиректно го попречувале нормалното и безбедно движење на другите учесници во сообраќајот, а биле паркирани во зона на крстосници, во таканаречени „двојни редови“ или на други недозволени места.  

Тетово, 14 април 2021 (МИА)– Oд почетокот на годинава до денеска 14 април во Тетово сообраќајната полиција бележи дека вкупно биле санкционирани и подигнати од „пајак-службата“ 402 погрешно и непрописно паркирани возила, претежно  во централното градско подрачје. Станува збор за возила кои најдиректно го попречувале нормалното и безбедно движење на другите учесници во сообраќајот, а биле паркирани во зона на крстосници, во таканаречени „двојни редови“ или на други недозволени места.

-Секторот за внатрешни работи Тетово уште еднаш со апел до возачите да ја прилагодат брзината според условите на патот и максимално да внимаваат во текот на таканаречените „сообраќајни шпицеви“ од 10 до 13 часот и од 15 до 18 часот. Активностите за поголем ред и безбедност со паркирањето во Тетово ќе продолжат и во наредниот период, како и континуираните контролни акции за брзина и престигнување, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Само вчера (13 април) подигнати се 17 возила, најмногу на улиците „Борис Кидрич“, „Илинденска“, „120“, „ЈНА“ и „Видоја Смилевски-Бато“. ас/аа/

Таг
Back to top button
Close
Close