Дописници МКДОпштински вестиХроникаХроника.Портал

За шест месеци 1.874 казни за погрешно паркирање во Тетово

Евиденцијата на Одделението за аналитика при СВР Тетово бележи дека за шест месеци во 2021 година изречени се вкупно 1874 казни за погрешно и непрописно паркирање во градот. Најголемиот број од поднесоците биле за паркирање во таканаречени „двојни редови“, во зона на крстосници или на други недозволени места, и тоа во јануари (568) и февруари (604).

Тетово, 7 јули 2021 (МИА) – Евиденцијата на Одделението за аналитика при СВР Тетово бележи дека за шест месеци во 2021 година изречени се вкупно 1874 казни за погрешно и непрописно паркирање во градот. Најголемиот број од поднесоците биле за паркирање во таканаречени „двојни редови“, во зона на крстосници или на други недозволени места, и тоа во јануари (568) и февруари (604).

– Засилени контролни активности за поголем ред и безбедност со паркирањето, посебно во централното подрачје на Тетово секојдневно ќе се реализираат и во наредниот период. Нивна цел е да се спречат поголеми сообраќајни мешаници, дотолку повеќе што веќе започнаа да пристигнуваат времено вработените нашинци во странство, со што значително ќе интензивира сообраќајната фреквенција во градот и пошироко во регионот.  Летово, исто така, ќе следат и активности за справување со самоволните узурпации на јавните сообраќајни површини за трговски, угостителски или други цели, кои адекватно ќе се санкционираат, а за да се овозможи непречено движење на пешаците по тротоарите, вели Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Кај вкупниот број казнети возачи во полугодишниот период тетовската „пајак-служба“ вкупно подигнала 804 возила, поради тоа што во голема мерка го попречувале нормалното и безбедно движење на другите учесници во сообраќајот, возила, пешаци и слично. ас/цр

Таг
Back to top button
Close
Close