0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталОпштествоПолитика

За седум дена над 5000 контроли и надзори, затворени 6 угостителски објекти

- Државниот пазарен инспекторат,  спроведе 3.437 контроли и 812 надзори поврзани со почитување на здравствените протоколи за отворање и работа на кафетерии и угостителски објекти кои послужуваат храна и материјалните закони во надлежност на овој инспекторат.  ДПИ изрече 32 прекршочни пријави, 98 платни налози и 107 решенија. Од овие 107 решенија, шест решенија се поради прекршување на здравствените протоколи, односно едно е поради непочитување на дозволено растојание и пет поради непочитување на работното време. Во сите случаи изречена е мерка забрана за вршење на дејност, односно се затворени за работа на лице место, а дополнително и изречени им се соодветни прекршочни платни налози, информираа од Кабинетот на вицепремиерот задолжен за борба против корупција и криминал Љупчо Николоски.

Веста е достапна само за претплатниците на веб-сервисот на МИА.
Логирајте се или контактирајте го секторот за маркетинг за повеќе информации.

+389 2 2461600
marketing@mia.mk
Back to top button
Close
Close