Svet.SlajderДописници СветЕвропаЕвропа.Портал

За само неколку часа потврдени шест нови случаи на коронавирус во Словенија – вкупно заразени 31

За само неколку часа здравствените власти во Словенија потврдија шест нови случаи на лица заразени со коронавирус, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Љубљана, 10 март (МИА) – За само неколку часа здравствените власти во Словенија потврдија шест нови случаи на лица заразени со коронавирус, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Со овие нови шест случаи, вкупниот број на луѓе инфицирани со Ковид-19 порасна на 31.

Според министерот за здравство Алеш Шебедер, најголем дел од пациентите со коронавирус се заразиле во странство, но имa и дел кои се заразиле во Словенија, а најголем дел од нив сe медицински персонал.

– Досега за коронавирус тестиравме 1.643 луѓе, изјави Шебедер на прес конференцијата на која ги соопшти најновите бројки на заразени лица.ва/сд/

Back to top button
Close
Close