0_Спорт.ПорталКошарка

Првпат во историјата Торонто прогласен НБА-тим на годината

Актуелниот шампион Торонто репторс првпат во историјата ја доби наградата „Тим на годината“.

Торонто, 15 јануари 2020 (МИА) – Актуелниот шампион Торонто репторс првпат во историјата ја доби наградата „Тим на годината“.

Минатата сезона Рапторс стигна до првиот шампионски трофеј откога се натпреварува во НБА.

Како што е наведено на официјалната веб-страница на Репторс, клубот добил награда за достигнувања во тимскиот бизнис, бројот на продадени билети, партнерства, маркетинг, електронски медиуми, деловна аналитика и иновации. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close