Дописници МКДОпштински вести

За првпат во беровско Двориште ќе се вршат комунални услуги

Јавното претпријатие за комунални работи „Услуга“ го зголемува опфатот за подигнување комунален отпад на подрачјето на општина Берово. Како што информираат од претпријатието, со поставување контејнери за отпад, за првпат во село Двориште ќе се вршат комунални услуги, а од општината очекуваат оваа активност да придонесе за почиста и поубава средина.

Берово, 12 декември 2019 (МИА) – Јавното претпријатие за комунални работи „Услуга“ го зголемува опфатот за подигнување комунален отпад на подрачјето на општина Берово. Како што информираат од претпријатието, со поставување контејнери за отпад, за првпат во село Двориште ќе се вршат комунални услуги, а од општината очекуваат оваа активност да придонесе за почиста и поубава средина.

– За реализација на овие активности, како општина вложуваме сопствени ресурси, со цел да продолжи воспоставувањето на организиран систем за управување со комуналниот отпад на територијата на општина Берово. Справувањето со проблемот со комуналниот отпад, ќе го зголеми квалитетот на живот на граѓаните и ќе влијае во насока на почиста животна средина, потенцираат од општината.

Пред само неколку месеци, комунални услуги за првпат почнале да се вршат во туристичката населба Суви Лаки.

– Со тоа во моментот сите населени места се опфатени со услуга за подигнување отпад, што од страна на екипите на Јавното претпријатие за комунални работи „Услуга“, се врши по однапред определен термин, додадоа од Општина Берово.

Зголемувањето на опфатот на подигнување отпад е една од мерките предвидена во програмата за работа на актуелниот градоначалник Звонко Пекевски, во периодот 2017-2021 година. вс/мс/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close