Дописници МКДОпштински вестиХроникаХроника.Портал

За непрописно престигнување 188 санкции во цела држава, една третина на подрачје на СВР Тетово

На територијата на цела држава вчера полицијата спроведе акциска контрола за непрописно престигнување при што се санкционирани вкупно 188 возачи. Од нив нешто повеќе од една третина или 69 казни се евидентирани на тетовско-гостиварското подрачје.

Тетово, 14 јуни 2021 (МИА) – На територијата на цела држава вчера полицијата спроведе акциска контрола за непрописно престигнување при што се санкционирани вкупно 188 возачи. Од нив нешто повеќе од една третина или 69 казни се евидентирани на тетовско-гостиварското подрачје.

-Вчера во периодот од 14 до 20 часот, на подрачјето на СВР Тетово спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои непрописно престигнуваат, при што санкционирани се 69 возачи од кои 36 на територија на Тетово, а 33 на територија на Гостивар. Засилените сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредните денови, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Министерството за внатрешни работи повторно апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и да се придонесе за посигурни патишта. ас/аа/

Таг
Back to top button
Close
Close