Политички партии

Зајкова: Студентите ќе добиваат поздрав оброк, пратениците едноглссно го изгласаа предлогот на ЛДП

Редовните студенти од државните и приватните универзитети од наредната академска година ќе добиваат субвенциониран оброк од 120 денари дневно. Предлог- законот за субвенциониран студентски оброк кој го иницираше Либерално демократската партија синоќа беше усвоен на пленарна седница на Собранието, а за истиот поддршка дадоа пратениците и од власта и од опозицијата.

Скопје, 6 февруари 2020 

Редовните студенти од државните и приватните универзитети од наредната академска година ќе добиваат субвенциониран оброк од 120 денари дневно. Предлог- законот за субвенциониран студентски оброк кој го иницираше Либерално демократската партија синоќа беше усвоен на пленарна седница на Собранието, а за истиот поддршка дадоа пратениците и од власта и од опозицијата.

Преку Законот за субвенциониран студентски оброк, кој што тимот на ЛДП го подготви врз основа на сличен проект што веќе со години функционира во Словенија, обезбедуваме можност студентите за значително пониска цена да можат да се хранат кај регистрирани даватели на услуги, коишто ќе потпишат договор со Министерството за образование и наука за субвенционирање на студентскиот оброк, вели Моника Зајкова, потпретседателка на ЛДП.

Таа објаснува дека студентите од Министерството за образование и наука ќе добиваат финансиска поддршка во износ од 120 денари дневно, наменета за купување на приготвена храна. На тој начин се обезбедува финансиска поддршка, но и поквалитетен и поздрав живот за младите во периодот на студенстките денови.

– Согласно предложеното законско решение право на субвенциониран оброк ќе имаат редовните студенти на додипломски студии на државните и на приватните универзитети државјани на Република Северна Македонија, кои се регистрирани во системот, по пат на посебна пријава која студентот ќе ја поднесе при запишување во тековната академска година, а кои не се во редовен работен однос, не се регистрирани како индивидуални земјоделци и немаат месечен приход по било кој основ поголем од минималната нето плата во Републиката за тековната година, дополнува Зајкова.

Оваа можност студентите ќе имаат право да ја користат од понеделник до петок од осум часот наутро до 20 часот навечер, а истата не важи за време на викенд и државни празници.

– Морам да истакнам дека значењето на овој проект го препознаа и Владата којашто даде позитивно мислење за ова законско решение, но и пратениците од сите пратенички групи кои го поддржаа предлогот на ЛДП и дадоа свој придонес во подобрување на текстот на истото.

– Нема поисплатлива инвестиција од инвестирањето во младите! ЛДП и понатаму ќе иницира нови предлози за подобар студентски стандард. Нашите студенти ги заслужуваат истите услови за студирање како студентите од државите членки на Европа, завршува Зајкова.

Либерално демократска партија 

_________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

 

Back to top button
Close
Close