Дописници МКДОпштински вести

За кичевското комунално претпријатие најголем проблем немање на санитарна депонија

Кичевското комунално претпријатие не знае како да го реши проблемот со немањето на санитарна депонија за одлагање на комуналниот отпад. На териоторијата на Општина Кичево никој не сака да се одлага комуналниот отпад во негова близина и комуналците се приморани  да го транспортираат отпадот во соседните или подалечни општини низ републикава.

Кичево, 14 септември 2021 (МИА) – Кичевското комунално претпријатие не знае како да го реши проблемот со немањето на санитарна депонија за одлагање на комуналниот отпад. На териоторијата на Општина Кичево никој не сака да се одлага комуналниот отпад во негова близина и комуналците се приморани  да го транспортираат отпадот во соседните или подалечни општини низ републикава.

-Покрај намалената наплата на сметки за вода, во моментов најгорлив проблем ни претставува немањето на санитарна депонија во нашето блиско опкружување, каде би можеле да го одлагаме комуналниот отпад, истакна директорот на ЈКП„ Комуналец“ Зенел Јонузи.

Тој додава дека сите нивни обиди да изнајдат соодветно и долгорочно решение засега не даваат резултат и приморани се по цена на зголемени трошоци за транспорт и манипулација со комуналниот отпад, истиот да го траснпортираат во некоја од соседните општини, па дури и на далечина од над 120 километри.

-На овој начин покрај тоа што го намалуваме реалниот капацитет за собирање на комунален отпад на компанијата ,приморани сме да ги зголемиме трошоците за негово одлагање а како главен инпут во овој трошок е долгиот транспорт.Сите заложби во претходните неколку години за изградба на регионална депонија се изјаловија и нам ни преостана овој проблем дневно да го решаваме, додава Јонузи.

Тој наведе дека отпадот повремено се транспортира и на истокот од земјава.за/бт/

Таг
Back to top button
Close
Close