0_Спорт.ПорталSport.SlajderОстанато

За иднината на Мерцедес во Ф1 ќе се одлучува на 12 февруари

Управниот одбор на компанијата „Дајмлер“ наскоро ќе одржи состанок на кој ќе се одлучи дали Мерцедес ќе ја напушти Формула 1 на крајот од сезоната 2020 година. Средбата ќе се одржи на 12 февруари. Сегашниот договор помеѓу Мерцедес и Формула 1 истекува на крајот на годината.

Лондон, 29 јануари 2020 (МИА) – Управниот одбор на компанијата „Дајмлер“ наскоро ќе одржи состанок на кој ќе се одлучи дали Мерцедес ќе ја напушти Формула 1 на крајот од сезоната 2020 година. Средбата ќе се одржи на 12 февруари. Сегашниот договор помеѓу Мерцедес и Формула 1 истекува на крајот на годината.

И покрај успехот на Мерцедес во Формула 1, загриженоста на фановите на овој клуб доаѓа поради притисокот на „Дајмлер“ да ги намали трошоците. Во текот на изминатата година, компанијата изгуби неколку милијарди долари и намали 10.000 работни места.

Во случај Дајмлер да одлучи да се повлече од Формула 1 и да го затвори фабричкиот тим, Мерцедес ќе продолжи да соработува со Ф-1 како снабдувач на мотори.

Не се исклучува уште едно сценарио – во случај на затворање, тимот од Мерцедес може да го откупи Тото Волф и сегашниот сопственик на „Рејсинг Поинт“ Лоренс Строл. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close