Граѓански секторДописници МКД

За фаќање на светиот крст во Радика пријавени се 120 лица

До попладнево 120 лица се пријавени за учество на традиционалното скокање по крстот во реката Радика, во духот на големиот Христијански празник Богојавление Водици.

Дебар, 17 јануари 2020 (МИА) –До попладнево 120 лица се пријавени за учество на традиционалното скокање по крстот во реката Радика, во духот на големиот Христијански празник Богојавление Водици.

– До попладнево се пријавени 120 лица, кои сакаат да бидат во водите на река Радика, во мигот кога тие ќе бидат допрени од светиот крст. Но, имајќи ги во предвид изминатите години, на полагањето на крстот, очекуваме да учествуваат меѓу 150 до 200 лица, бидејќи на денот доаѓаат и многу неприијавени, изјави за МИА отец Кирил од Бигорскиот манастир.

Претходно, во осум часот Божествена Златоустова Литургија во храмот „Пресвета Богородица“ во селото Ростуше ќе биде одржана од братството на Бигорскиот манастир, на која ќе присуствуваат и сестрите од манастирот „Свети Георгиј Победоносец“.

По традиција стотици верници од подрачјето на Река и други градови од земјава се очекува да има на трожествената литија која во 9:30 часот ќе тргнe од црквата се до Ростушки Мост на реката Радика.

Минатата година во Радика светиот крст го фати Душан Чимев од Виница, кому му беше вторпат на Радика да биде најсреќен.

Во Дебар, според Намесникот на Дебарската парохија, Миле Ангеловски пријавени се две момчиња. Светиот крст ќе биде фрлен во 8:00 часот во базенот што се наоѓа во дворот на црквата „Света Петка“ каде што е седиштето на парохијата.

Лани,меѓу трите момчиња кои скокнаа по чесниот крст најреќен беше Христијан Јаковлевски, деветоодделенец.вт/см/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close