0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштински вести

За една недела во Крива Паланка регистирани 125 прекршоци за неносење маска

Со зголемување на бројот на позитивни лица со  Ковид-19 на подрачјето на општините Крива Паланка и Ранковце, зачестени се и контролите за  почитување на уредбата за задолжително носење заштитни маски.

Крива Паланка, 18 септември 2020 (МИА) – Со зголемување на бројот на позитивни лица со  Ковид-19 на подрачјето на општините Крива Паланка и Ранковце, зачестени се и контролите за  почитување на уредбата за задолжително носење заштитни маски.

Според информациите од Секторот за внатрешни работи Куманово, во овие две општини во изминатата седмица изречени се вкупно 125 прекршочни пријави за непочитување на уредбата.

– Во однос на уредбата за задолжително носење заштитна опрема на подрачје на Полициска станица од општа надлежност Крива Паланка, во текот на изминатата недела, во периодот од 11 до 18 септември 2020  година,  регистрирани   се   125  прекршоци, додека   на   подрачјето   на   ПС   од   ОН  Кратово, регистрирани се 20 прекршоци за неносење заштитна маска, информира портпаролот на СВР Куманово, Живкица Чавдаревиќ.

На територијата на општините Крива Паланка и Ранковце во моментот има 104 лица со решенија за изолација, додека во Кратово осум лица се со решенија за изолација. Во сите три општини нема лица кои се во самоизолација. ид/бак/

Back to top button
Close
Close