Општински вестиСкопје

За една недела санкционирани 152 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар

ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во текот на една недела санкционирале 152 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Скопје, 13 април 2021 (МИА) – ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во текот на една недела санкционирале 152 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Од ЈП ПОЦ информираат дека во периодот од 05 до 11 април 2021 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на јавното претпријатие се отстранети 63 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ се санкционирани 89 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

– ЈП ПОЦ и Општина Центар апелираат до граѓаните да се придржуваат до пропишаните правила и прописи за безбедно однесување во сообраќајот со цел да се зачува безбедноста на останатите учесници во сообраќајот и реши проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар, наведуваат од ЈП ПОЦ. фф/сп/

Таг
Back to top button
Close
Close