Општински вестиСкопје

За една недела само две пријави за оган на отворено во Скопје

Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, од 27 февруари до 04 март, на телефонскиот број 193 кој е дел од кампањата „Пријави оган на отворено“ регистрирала само две пријави од граѓаните. Пријавите се проследени кај инспекторите на Град Скопје за да покренат постапка против сторителите.

Скопје, 5 март 2020 (МИА) – Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, од 27 февруари до 04 март, на телефонскиот број 193 кој е дел од кампањата „Пријави оган на отворено“ регистрирала само две пријави од граѓаните. Пријавите се проследени кај инспекторите на Град Скопје за да покренат постапка против сторителите.

-Градот Скопје преку својот инспекторат и Територијалната единица за противпожарна заштита, а во соработка со Министерството за труд и социјална политика, Министерството за внатрешни работи и Црвениот крст организира мешани тимови кои работат секој ден, 24 часа, и се справуваат со огновите на отворено, соопшти Град Скопје.

Оваа кампања, како што се наведува во соопштение, се спроведува трета година по ред и досега има одлични резултати.

Градот Скопје и Бригадата за противпожарна заштита апелираат граѓаните да ги пријавуваат сите случаи на палење оган на отворено, за да може огнот што побрзо да се изгаси, а сторителите да се санкционираат.бт/скс/

Таг
Back to top button
Close
Close