Општински вестиСкопје

За една недела отстранети 241 непрописно паркирано возило

Во текот на изминатата недела со специјалните возила пајак се отстранети вкупно 241 возилo од јавните површини. Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 25 се отстранети од зонските паркиралишта, а другите 217 возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице.

Скопје, 17 јуни 2021 (МИА) – Во текот на изминатата недела со специјалните возила пајак се отстранети вкупно 241 возилo од јавните површини. Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 25 се отстранети од зонските паркиралишта, а другите 217 возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице.

Како што информираат од Град Скопје, контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 406 возилa, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 25  возилa се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.

-Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта. Апелираме сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата, за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалото, велат од Град Скопје.

Оттаму потсетуваат дека плаќањето за паркинг-услугата може да се изврши преку СМС порака или со греб-картичка. сст/дма/

 

 

 

 

Таг
Back to top button
Close
Close