ОпштествоСкопје

За една недела отстранети 218 непрописно паркирани возила од јавните површини во Скопје

Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 36 се отстранети од зонските паркиралишта, а преостанатите 182 возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице.

Скопје, 22 февруари 2020 (МИА) – Во текот на изминатата недела подигнати се 218 возила од јавните површини со специјалните возила пајак, соопшти Град Скопје.

Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 36 биле отстранети од зонските паркиралишта, а преостанатите 182 возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци – паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице.

– Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 352 возила, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 36 возила се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето, се вели во соопштението.

Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта.

– Апелираме сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата, за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалото. Плаќањето за паркинг-услугата може да се изврши преку СМС порака или со греб-картичка, додаваат од Град Скопје. мс/бк/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close