Општински вестиСкопје

За една недела отстранети 191 непрописно паркирани возила од јавните површини

Пајак службата во текот на изминатата недела од јавните површини во Скопје подигнала 191 возило.

Скопје, 20 август 2020 (МИА) – Пајак службата во текот на изминатата недела од јавните површини во Скопје подигнала 191 возило.

– Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 20 се отстранети од зонските паркиралишта, а другите 171 возило по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице, информираат од прес-службата на Град Скопје.

Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 322 возила, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 20 возила се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.

Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта.

– Апелираме сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата, за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалото. Плаќањето за паркинг-услугата може да се изврши преку СМС порака или со греб картичка, информираат од Град Скопје.фф/са/

Back to top button
Close
Close