0_Македонија.ПорталСкопје

За една недела отстранети 167 непрописно паркирани возила од јавни површини во Скопје

Во текот на изминатата недела со специјалните возила пајак се подигнати 167 возила од јавните површини. Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 45 се отстранети од зонските паркиралишта, а преостанатите 122 возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице.

Скопје, 4 јануари 2020 (МИА) – Во текот на изминатата недела со специјалните возила пајак се подигнати 167 возила од јавните површини. Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 45 се отстранети од зонските паркиралишта, а преостанатите 122 возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице.

Контролорите на зонските паркиралишта, информираат од Одделението за односи со јавноста и информации за граѓаните на Град Скопје, во истиот период санкционирале вкупно 295 возила, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 45 возила се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.

Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта. Апелираме сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата, за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалото. цр/

 

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close