Општински вестиСкопје

За една недела отстранети 129 непрописно паркирани возила во Општина Центар

Пајак службата на ЈП Паркинзи на Општина Центар во текот на изминатата недела од јавните површини во општината подигнала 129 возила.

Скопје, 4 август 2020 (МИА) – Пајак службата на ЈП Паркинзи на Општина Центар во текот на изминатата недела од јавните површини во општината подигнала 129 возила.

Со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 61 непрописно паркирани возила, а со поставување механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 68 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

ЈП ПОЦ и Општина Центар апелираат до граѓаните да се придржуваат до пропишаните правила и прописи за безбедно однесување во сообраќајот со цел да се зачува безбедноста на останатите учесници во сообраќајот и реши проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на општината.фф/лв/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close