Дописници МКДОпштински вести

За една недела 28 заболени од сезонски грип во Велес

ВО ЈЗУ Центар за јавно здравје во Велес изминатата недела се регистрирани 28 заболени од грип, од кои 25 се во возрасната група од 15 до 64 години, а само три деца од пет до 15 години.

Велес, 27 јануари 2020 (МИА) – ВО ЈЗУ Центар за јавно здравје во Велес изминатата недела се регистрирани 28 заболени од грип, од кои 25 се во возрасната група од 15 до 64 години, а само три деца од пет до 15 години.

Епидемиологот д-р Билјана Трајкова за МИА потенцира дека втората половина на јануари  е вообичаено време за грип и бројот на заболени допрва ќе се зголемува. Во првите 20 дена од овој месец беа регистрирани само тројца заболени.

Д-р Трајкова апелира граѓаните да избегнуваат масовни собири бидејќи грипот лесно се пренесува во контакт со заболено лице.

Во Велес лани имало вкупно 750 заболени од грип, од кои во јануари биле регистрирани 26 лица, во февруари 281, а во март дури 413 заболени. Во 2018 година се регистрирани  помалку или 428 заболени од грип. ад/ир

Таг
Back to top button
Close
Close