Дописници МКДОпштински вести

За еден ден откриени 66 возачи кои возеле пребрзо по полошките сообраќајници

Полицијата на тетовско-гостиварското подрачје во последната акциска контрола откри 66 возила кои се движеле побрзо од дозволената брзина која е предвидена во и надвор од населено место.

Гостивар, 17 август 2020 (МИА) – Полицијата на тетовско-гостиварското подрачје во последната акциска контрола откри 66 возила кои се движеле побрзо од дозволената брзина која е предвидена во и надвор од населено место.

Од нив на тетовско подрачје 30, а во гостиварско 36 ја пречекориле дозволената брзина надвор од населено место. На автопатот Тетово-Гостивар еден дел од возачите ја пречекориле брзината за речиси двојно.

Според Марјан Јосифоски, портпаролот на СВР Тетово, најголемиот дел од прекршувањата биле на автотпатот Тетово-Гостивар. За 26 возачи (ТЕ-9 и ГВ-17) било утврдено дека ја пречекориле брзината за повеќе од 70 километри на час. Покрај ова, откриени се и 10 прекршоци (ТЕ) за пречекорување на брзината во населено место.

Откриените прекршоци заокружени се со 75 мандатни платни налози (ТЕ-40 и ГВ-35), како и со еден прекршочен налог (ГВ). Прекршителите ќе се соочат со законски предвидените санкции: парични глоби и заштитна мерка – забрана за управување со моторно возило, зависно од видот и карактерот на прекршокот. згм/рп/

Back to top button
Close
Close