Дописници МКДОпштински вести

За две недели во Тетово вакцинаци примиле 576 лица над 77 години

За овие две недели колку што трае вакцинацијата во Здравствен Дом Тетово вакцинирани се 576 жители од шестте општини во тетовскиот регион во категоријата на граѓани над 77 години. Претежно биле закажувани по 80 термини дневно, а просечно околу 60 до 70 луѓе ја искористувале можноста за вакцинација.

Тетово, 16 април 2021 (МИА) – За овие две недели колку што трае вакцинацијата во Здравствен Дом Тетово вакцинирани се 576 жители од шестте општини во тетовскиот регион во категоријата на граѓани над 77 години. Претежно биле закажувани по 80 термини дневно, а просечно околу 60 до 70 луѓе ја искористувале можноста за вакцинација.

-Од 2 април кога започна вакцинирањето во вакциналниот пункт при Здравствен дом Тетово до денес во 12 часот вакцина примиле 576 лица во категорија над 77 години. По примањето на вакцините не се јавени проблеми кај луѓето, информира Дрита Зибери од пунктот.

Од денеска се закажани се термини за вакцинација на луѓе кои се од 75 годишна возраст и помлади. Вакцинацијата се одвива од понеделник до петок, според Мој термин.

-Од денеска имаме и термини за втора смена односно до 18:40 часот. Ако почне масовна вакцинација и ќе се работи преку викенд, информира Борислав Јоргаќиески, директор на Здравствениот дом во Тетово.

Во Здравствен Дом Тетово доставени се вакцини од производителот Астра Зенека. аа/сст/

 

Таг
Back to top button
Close
Close