Дописници МКДОпштински вести

За два дена крводарителска акција во Велес собрани 141 крвни единици

На вториот ден од традиционалната летна акција за доброволно дарување на крв што ја организира Општинската организација на Црвениот крст од Велес и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје собрани се 77 крвни единици. Од нив 52 биле мажи и 25 жени и четири лица за првпат дарувале крв. Заедно со вчерашните 64, за двата дена се собрани вкупно 141 крвни единици, информира за МИА, Орце Николов, секретар на ООЦК Велес, кој акцијата ја оцени како успешна.

Велес, 14 август 2020 (МИА) – На вториот ден од традиционалната летна акција за доброволно дарување на крв што ја организира Општинската организација на Црвениот крст од Велес и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје собрани се 77 крвни единици. Од нив 52 биле мажи и 25 жени и четири лица за првпат дарувале крв. Заедно со вчерашните 64, за двата дена се собрани вкупно 141 крвни единици, информира за МИА, Орце Николов, секретар на ООЦК Велес, кој акцијата ја оцени како успешна.

Кирил Лазов од Институтот за трансфузиона медицина од Скопје, кој денеска раководеше со акцијата, оцени дека акцијата била успешно изведена и за тоа доказ и позитивиот биланс и потенцира дека со ова како и многупати досега велешани ја искажале својата хуманост на дело.

На прашање на МИА каква е моменталната состојба со крвни единици во Институтот за трансфузиона медицина од Скопје тој информира дека има доволно крвни единици.

– На почетокот на пендемијата со КОВИД-19 имаше одредени предрасуди кај крводарителите, но ние направивме промотивна кампања и им ги објаснивме протоколите при дарување на крв. Крводарителите повторно се одзиваат на нашите акции или доброволн се иницираат во нашите служби да даруваат крв. Како резултат на тоа во моментов состојбата со крвни единици е одлична, оцени Лазов.

Младата 26-годишна Моника Саздова е една од бројните велешките крводарителии кои вчера и денес доброволно се пријавија и учествуваа во летната  акција за крводарување.

– Станав крводарител уште како средношколка во Гимназијата на 17 години и оттогаш редовно дарувам, ова денеска ми е по 14 пат. Мислам дека и хумано и секој што може треба да дарува да спаси нечиј живот. Мојата крвна група е ретка – нулта позитив и затоа е мотив плус да дарувам и спасам нечиј живот во опасност. Можеби не дај Боже и мене еден ден ќе ми затреба крв затоа биди хуман и дарувај  кога можеш, порачува младата Моника Саздова.

Орце Николов, секретарот на ООЦК Велес, информира дека годишниот план за крводарување во Општина Велес заедно со општините Градско и Чашка зацртан на 1.861 крвна единица веќе е реализиран овој месец, а со оваа акција и натфрлен, што покажува дека велешките крводарители лани и со години нананзад се први на планот на крводарување во земјава.

Инаку во ланската летна акција за доброволно дарување на крв беа собрани 161 крвни единица, а во 2018 година 121.

Од општинскиот Црвен крст на 21 август ја најавуваат традиционалната акцијата за доброволно дарување крв со жителите на Чашка, по повод Денот на Општина Чашка. ад/сп/

Back to top button
Close
Close